Се потврди она што го говори СДСМ со месеци, сите маски паднаа, се покажаа вистинските лица на платформата ЗНАМ 2.0.
Игор Ивановски Шема јавно призна дека платформата не била за некакви „разговори за иднината“ на Македонија туку за рушење на СДСМ од внатре.
Откако му пропадна ЗНАМ сега Мицкоски со препакуван проект се обидува да го слабее СДСМ и јавната дебата наместо за криминалот на власта да ја пренасочува внатре во СДСМ.
Затоа платформата ЗНАМ 2.0 во името на Мицкоски бара јавно да се укине гласот на членовите на СДСМ на директни и непосредни избори.
Им пречи демократијата во СДСМ, па бараат да се укине највисокиот демократски чин и право на членовите.
Тие би сакале да го бираат зад затворени врати, исто како што дебатираат, по налог на Мицкоски.
Кај Шема се е шема, бизнис шема.
Затоа на трибина донесоа луѓе од друга партија да „дебатираат“ за внатрешната организација на СДСМ.
Овие обиди да се сруши СДСМ одвнатре нема да успеат, ќе ги победиме сите сателити на Мицкоски и неговата криминалната организирана група.
СДСМ Центар за комуникации со јавноста


