САД изразија „сериозна загриженост“ по однос кинеското тестирање балистичка ракета

Американскиот Стејт департмент изрази „сериозна загриженост“ по однос последните активности на кинеската армија односно спроведеното тестирање балистичка ракета, способна да носи нуклеарна боева глава, а лансирана од подморница во Тихиот Океан.

„Во време кога САД работат поинтензивно од кога било за да го спречат ширењето на нуклеарното оружје, Кина го прави токму спротивното. Брзото и нетранспарентно зголемување на нуклеарниот арсенал на Пекинг е извор на сериозна загриженост за регионот и за светот.

Продолжуваме да ја повикуваме Кина да се вклучи во суштински преговори за контрола на вооружувањето“, се наведува во соопштението на Државниот департмент на САД. 

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести