Репрезентацијата на САД доживеа непријатно изненадување откако ноќеска беше елиминирана од Белгија по поразот од 1:4 и со тоа Мундијалот го заврши во осминафиналето. Охрабрени по победите во групата, американскиот тим влезе со оптимизам во дуелот со Белгија.
– Не го покажавме нашиот вистински квалитет како тим. Не ја поврзавме играта. Белгија беше подобра од нас, и тоа е тоа. Беше многу лош ден. Не беше наш ден, колективно или индивидуално. На турнир како Светското првенство, кога ти се случува во нокаут фаза, си во аут и треба да си одиш „дома“. Не бевме доволно добри и не треба да наоѓаме изговори, изјави селекторот на американскиот тим, Маурицио Покетино.
Договорот на Покетино со федерацијата на САД истекува по Светското првенство, а тој изјави дека не е донесена одлука дали ќе продолжи.
МИА


