Еден од најдобрите тенисери на светот Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во полуфиналето на Вимблдон, откако во најдолгото четвртфинале (5 часа и 14 минути) со 3-2 во сетови (7:6(10), 3:6, 6:3, 7:6(4) и 7:6 (10-4) го совлада канадскиот Феликс Оже-Алиасиме.
Ѓоковиќ во текот на мечот постојано имаше водство од еден сет, но противникот не дозволи седумкратниот шампион на Вимблдон да го заврши мечот порано, па решаваше петтиот сет и тајбрејк во него.
Со играњето на петти сет Ѓоковиќ стана тенисер со најмногу одиграни мечеви во решавачки сет на Гренд слем турнирите.
Во полуфиналето во петок Новак Ѓоковиќ ќе игра против бранителот на пехарот Јаник Синер, кој претходно го совлада Јан Ленард Штруф од Германија со 3-0 во сетови.
МИА


