Репрезентацијата на Египет и покрај водството од 2:0 против светскиот првак Аргентина го загуби осминафиналето со 3:2. Но, во таборот на Египет беа исклучително незадоволни и бесни пред сè од судиските одлуки, па дури и од ВАР проверки.
– Значи, велам дека ова е незаслужена победа за Аргентина. Ветувам, откако ќе се вратам, воопшто нема да ги гледам другите натпревари на ова Светско првенство бидејќи во него нема правда. Она што ни се случи не беше фер. Требаше да добиеме пенал, голот беше поништен, а не знам зошто беше поништен, изјави револтираниот селектор на Египет, Хосам Хасан.
Тој во завршницата на дуелот доби и жолт картон. Неговата репрезентација водеше со 2:0 до 79.минута, а на Египет му беше поништен гол во 62.минута по ВАР проверката.
МИА


