Во тек исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за  јуни 2026 година.

-Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе може да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките, соопшти МСПДМ.

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести