Порталот „Ко си, бре, ти“, чие активирање го иницираше претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска почна со работа.
Порталот е достапен на адресата www.kosibreti.rs, а граѓаните на него можат анонимно да пријават арогантно однесување на јавни функционери, корупција, злоупотреби и сите други незаконски дејствија и неправилности.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претходно изјави дека на порталот граѓаните ќе можат безбедно и апсолутно анонимно да поднесат пријава за неправилности и злоупотреби, пред сè на јавните функционери, но и на сите други јавни работници.
Тој наведе дека граѓаните ќе можат, без оставање на е-пошта и без оставање на име, целосно заштитено да го напишат сето она што го знаат.
МИА


