Репрезентацијата на Норвешка Светското првенство го заврши во четвртфиналето по поразот од Англија (1:2) по продолжение. Тимот предводен од првата ѕвезда Ерлинг Халанд, имаше неколку шанси при нерешен резултат 1:1 да дојде до водство, но мрежата на Англија не се затресе по вторпат.
– Ова патување беше лудо. Мислам дека ми го смени животот. Мислам дека Норвешка ја „нацртавме“ на фудбалската карта, изјави Халанд.
Ова е најголемиот успех на Норвешка на фудбалските натпреварувања, а оваа генерација е предводена од тандемот Ерлинг Халанд и Мартин Одегард, но со поддршка на целиот тим и може да се очекува да имаат важна улога на следните фудбалски натпреварувања.
МИА


