СП 2026: Аргентина по продолжение ја совлада Швајцарија

Светскиот првак Аргентина по продолжение успеа да избори пласман во полуфиналето на Мундијалот откако во последното четвртфинале ја совлада Швајцарија со 3:1.

На асистенција на Лионел Меси, Алекс Мек Алистер донесе водство за Аргентина во 10.минута. Предноста светскиот првак ја имаше до 67.минута кога Дан Ндоје изедначи на 1:1. Но, проблемите за Швајцарија настанаа пет минути подоцна кога поради црвен картон (два жолти) Брил Емболо беше исклучен. Швајцарија успеа да се избори за продолжение, но во дополнителните минути светскиот шампион постигна два гола преку Хулиан Алварез во 112.минута и Лаутаро Мартинез во 120+1.минута за конечни 3:1.

Во полуфиналето на 15.јули во Атланта, Аргентина ќе игра против Англија, која со 2:1 по продолжение ја совлада Норвешка. Во првото полуфинале на 14.јули во Далас ќе играат Франција – Шпанија. 

МИА

Најчитани вести