Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за пороен дожд и грмежи

Претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а во источните северозападен ветер, кој ќе биде со умерен а наместа повремено со силен интензитет.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, со услови за краткотраен дожд во делови од котлината. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Од понеделник, времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, особено во понеделник и вторник кога ќе надминува брзина од 50 km/h. 

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести