Воздушна тревога во Бахреин третпат последователно во текот на ноќта по ирански ракетни напади

Сирените за воздушна тревога во Бахреин изминатата ноќ се огласија во три наврати, поради иранските одмазднички напади по новите американски удари врз цели на иранска територија.

Властите во Бахреин каде што е стационирана Петтата флота на американската морнарица, ги повикаа граѓаните да се засолнат во бункери и засолништа. Засега нема непосредни информации за евентуална материјална штета или жртви предизвикани од иранските напади.

Иран потврди дека во текот на ноќта повеќепати го нападнал Бахреин.

Во меѓувреме, властите во Јордан објавија дека нивната противвоздушна одбрана пресретнала четири ирански ракети во јорданскиот воздушен простор, јавија светските агенции.

Во соопштение на Исламската револуционерна гарда се наведува дека цел на нападите била американска база во Јордан. 

МИА

Најчитани вести