Адвокатот Илиевски: Верушевски е уплашен за својот живот, неговата сопруга нема никаква вмешаност

Екс разузнавачаот Зоран Верушевски, првоосомничен во аферата „Пуч“ бил уплашен за својот живот и лут поради притворањето на неговата сопруга. Ваква порака пренесе неговиот адвокат Ангеле Илиевски, кој се видел со поранешниот прв човек на ДБК утринава. Верушевски тврдел дека неговата сопруга Соња Верушевска нема никаква вмешаност, информира 24 Вести.
Верушевски се наоѓа во 30-дневен притвор поради недозволено поседување на оружје. Неговиот адвокат се уште не добил одговор од Обвинителството и по информациите кои им ги доставил дека пиштолите биле заведени во евиденцијата на МВР.
По акцијата во саботата на товар му се стави и кривичното дело шпионажа. Илиевски тврди дека делото е неосновано бидејќи полицијата до овој момент не обзнани на која странска земја осомничените оддавале државни тајни.
Денеска ниту полицијата ниу Обвинителството не соопштуваат нови детали околу истрагата за случајот. Вчера судот им одреди притвор на второ и трето осомничените, Соња Верушевска и Бранко Плафиров. На опозицискиот лидер Зоран Заев му беше одземен пасошот.
Делото поседување и дистрибуција на детска порнографија веќе не му се става на товар на Верушевски, туку на неговиот помал син.

Извор: 24 Вести

Најнови вести

Најново од Македонија, Хроника

Најчитани вести