АГРОТИМ: Почнале со 3 пчелни семејства, подарок од пријател, сега имаат семеен бизнис и грант од 10 000 евра од програмата „Млад земјоделец“

-Почетокот ми беше многу тежок. Имав периоди кога сакав да се откажам и да го оставам пчеларството, но мојата голема желба сепак беше посилна од тоа. Почнав со едноставни три пчелни семејства кои ми беа подарени од еден мој пријател, тоа беше почетокот. Проблемите одма се појавија. Откако почнав да работам со пчелите, открив дека сум алергичен на пчелен отров…да не должам, завршив во Државна Болница и требаше да примам вакцини 2 години. Додека траеше имунизацијата пчелите не ги оставив, напротив работев иако ми беше сугерирано да се откажам. Желбата ми беше голема, едноставно ги засакав пчелите. Од тогаш до ден денес живеам со пчелите и за пчелите – вели Ѓорѓиевски.

На почетокот работел сам со сопругата а покасно му се приклучиле и синовите. -Сега ова е наш семеен бизнис. Од почетокот работев сам со мојата сопруга, а како што растеа двата сина, тие паралелно се вклучуваа во пчеларењето – вели тој и раскажува за најголемиот проблем кој го имал на почетокот околу парцелата за пчеларникот.
Околу пчеларникот беа вистински патешествија. На почетокот ги носев кај роднина што имаше запуштени ниви, ама тоа траеше кратко време па морав да ги одселам. Туѓо си е туѓо, кога ќе ти кажат ќе мораш да ги тргнеш. Од тие причини пред неколку години апплицирав за државно земјиште преку јавен оглас на кој конкурирав и ми доделија две парцели. Една парцела во Катланово, друга во С.Дивље. На тие места ги стационирав пчелите – вели Драган и открива што е она што човек го прави успешен пчелар. -За да бидете успешен пчелар треба да ја сакате природата, да ги сакате пчелите, да ги разбирате, едноставено да ги сакате исто како домашни миленичиња. Пчелата не бара многу работа. Кој е тој пчелар или човек што е повреден или повеќе работи од пчелата? Таа си работи вредно и точно знае што и кога. Пчеларот пред се треба секојдневно да ја посетува и зедно со нив да го прати развојот на растенијата – природата. Тогаш ќе знае што треба да сработи околу нив и за нив. Тогаш и најтешката работа ке му биде лесна – вели Драган.
Го прашуваме што е потребно да се знае или умее во пчеларењето? За пчелата никогаш не може да се каже дека некој знае што треба и како да работи со нив. Постојано треба едукација дообука и секојдневно учење. Во зависност од временските услови, можностите треба пчеларот да се прилагодува кон пчелата. Мислам дека е тоа дефиниција за успешно пчеларење. Кажувам пчеларење, а не медарење. Медарите неможам да ги наречам колеги затоа што на нив и е главна цел да соберат што повеќе мед и финансиски благодети. Тие во принцип се занимаат многу кратко со пчеларство – вели Драган.
Кога станува збор за пласманот на медот не крие дека е незадоволен од стихијниот пласман односно слабата навика на граѓаните да консумираат мед. – Медот кај нас во Македонија, на мое разочарување се продава или го купуваме најчесто како лек, кога сме настинати. Тогаш најмногу се бара. Мојот мед, како што се развивам со пчелните семејства така и самите мои познаници сакаат да купуваат од кај мене бидејќи знаат како го произведувам. Знаат и да се налутат доколку не сум зачувал за некого. Има купувачи кој плаќаат и по 10 евра за тегла мед, а има и мои познаници кои што ми помогнале во животот и на кои медот им го давам како подарок – вели Драган. Репортажата во целост на АГРОТИМ.мк – специјализирана платформа за информации од областа на агрокомплексот.  ]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести