АГРОТИМ: Подрачните на МЗШВ ја поделија „Зелената нафта“ – картичките се носат пред врата на земјоделците

Мерката „Зелена нафта“ со која земјоделците користат 30% поефтина нафта е одличен старт во намалување на трошоците на производство и добивање конкурентен производ.

  Павел Иванов раководител на подрачната единица на МЗШВ-Штип вели дека картичките за зелена нафта се доделуваат на оние земјоделци, кои аплицирале во 2018 година. – За карбинскиот регион има 1.000 картички за исто толку земјоделци, апликанти за нејзино користење,  ги поделивме последните сто на исто толку земјоделски семејства во оваа општина, вели Иванов. Во општините Штип и Карбинци субвенционирана нафта користат вкупно 1.600 земјоделци. Горан Пешевски од карбинското село Козјак вели дека оваа мерка посебно му помага во намалување на трошоците.
– Со оваа картичка нафтата што ќе ја купам и потрошам ќе биде значително поевтина и тоа за 30 отсто. Ова е добро за нас, а сметам дека ќе биде добар поттик за зголемување на производството, вели Пешевски. Вредноста на овие картички изнесуваат од 500 до 100.000 денари, а во карбинскиот регион највисоката вредност на картичката ја има добиено земјоделец од Долни Балван. zelena nafta Тим од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Прилеп,  беа на терен во селата Големо Коњари и Мало Коњари. -Ги затекнавме земјоделците секој со својата работа но пријатно беа изненадени од нашето присуство и можноста да добијат картички со 30% поефтина нафта. За нив ова мерка на Владата има голема важност бидејќи најголемиот трошок во производството е токму нафтата – изјави за Агротим, Зоран Пачешкоски – раководител на ПЕ во Прилеп.
Пачешкоски апелира до сите земјоделци да дојдат во нивните канцеларии и да ги подигнат картичките „Зелена нафта“ и да ја искористат оваа поволност која им се нуди за конкурентно производство.
Вработените во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Кавадарци, заедно со Раководителот на подрачната единица Митко Керов, беа на терен им ги поделија картичките на земјоделците, кои не можеа да ги подигнат од подрачната единица во Кавадарци.
Беа поделени над 50 картички за зелена нафта и тоа во селата Дреново, Возарци, Марена и Сопот- вели раководителот на ПЕ Кавадарци. Повторува дека мерката ги опфаќа сите земјоделци кои имаат поднесено единствено барање по програмата за директни плаќања за 2018 година за лозови, овошни, градинарски и поледелски култури.
Сања Дуракова и Анка Катарова од подрачната единица на МЗШВ Неготино  ги посетија земјоделците од Демир Капија и од неготинските села кои немале можност да дојдат до нивната канцеларија за да ги подигнат картичките „зелена нафта“ .
-Овие денови интензивно работиме на терен со цел сите земјоделци да ги добијат картичките со 30 % поефтина нафта. Тоа за нив значи намалување на трошоците за производство и ние правиме се за земјоделците да ја искористат оваа можност. Досега од 3181 картичка имаме поделено блзиу 2757 – велат за Агротим од ПЕ Неготино.
Криволак, Пепелиште, Војшанци, Дисан, Тремник …секаде каде што има земојоделци кои не ги подигнале картичките „зелена нафта“ екипи од подрачната единица на МЗШВ Неготино ќе им ги достават на домашна адреса.
За сите земјоделци потсетување како се користата овие картички „зелена нафта“ : Упатство за користење на безготовинска картичка за набавка на дизел гориво за земјоделска механизација
  1. Безготовинската картичка е наменате за набавка на дизел гориво на било која бензинска станица на Макпетрол АД на целата територија на РСМ.
  2. Со картичката не може да се подигаат пари или да се купуваат други производи.
  3. Картичката заедно со ПИН кодот (кој е таен), упатството за користење на истата и решението за одобрена финансиска поддршка се подигнува во подрачната единица на Министерството за земјоделството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство.
  4. Картичката е лична и може да се користи само од страна на корисникот чии име и презиме и дата на раѓање е испечатено на картичката.
  5. Корисникот е должен да се грижи за картичката и тајниот ПИН код.
  6. Евентуалното губење или кражба на картичката или пин кодот корисникот треба да го пријави на следените телефонски броеви: 02/3146-232, 02/ 3146 245 секој работен ден од 8:00-16:00 часот или на следната меил адреса:  verna4@makpetrol.com.mk
  7. За реиздавање на картичката корисникот ќе треба да уплати 200,00 денари, додека за изгубен/заборавен ПИН 50,00 денари. Пријавата може да ја направи на тел.бр 02/3146-232, 02/ 3146 245 секој работен ден од 8:00-16:00 часотили на следната меил адреса:  verna4@makpetrol.com.mk
  8. При првото полнење гориво со картичката корисникот ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ЈА ПРОВЕРИ состојбата на картичката и истата да ја спореди со износот на одобената финансиска поддршка утврдена во решението . Проверката се прави на касата на бензинските станици на Макпетрол АД. Доколку износите од решението и картичката не се истити, корисникот треба да изврши пријава во подрачната единица на министерството од каде што ја подигнал картичката.
Во случај кога целиот износ на картичката нема да се потроши при првото полнење на гориво, при секое следно полнење задолжително корисникот претходно треба да го провери расположивиот износ и во рамки на тој износ да наполни гориво. Доколку наточениот износ на гориво го надминува расположивиот износ на картичката, разликата ја доплаќа корисникот од сопствени средства.
  • Плаќањето на горивото со картичката се прави откако ќе се заврши точењето. Корисникот пристапува кон касата на бнзинската станица каде јасно кажува дека ќе плаќа со картичка со пин код наменета за зелена нафта.
Ја става картичката во читачот, и по звучниот сигнал го внесува ПИН кодот. По извршеното плаќање на корисникот ќе му биде издадена фискална сметка, заедно со интерна сметка од точењето на горивото. На самата интерна сметка корисникот ќе може да го прочита преостанатиот лимит на картичката.
Извор: АГРОТИМ.мк, специјализирана платформа за информации од областа на земјоделството и агроберза  ]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести