АГРОТИМ: Пример за успешна рурална жена – Мирјана Митровска од село Добрушево

Секако тука е и нејзиниот сопруг Никола кој гордо ни ја покажа куќата и дел од имотот што го наследил од својот татко и дедо. –Штета што е зима , треба да дојдете на пролет па да видите што се има на нашите ниви. Сега се е собрано, продадено и преработено – вели Никола.

Соработката на ова семејство со  Агенцијата поттикнување на земјоделството и руралниот развој е навистина на завидно ниво. Така и за овој повик „Рурална жена“  дознале токму од вработените во оваа агенција, поточно од советникот Андреа Соколовски кој им ги кажал предностите на мерката, намената и условите.
Веднаш препознале шанса  токму за Мирјана бидејќи таа е е носител на нивното земјоделско стопанство ИЗ ЈУРУК –НМ Мирјана Митровска, кое го основале пред 2 години со помош на кредит за самовработување од Агенцијата за вработување. -Кредитот требаше да го вратам за 5 години. Еве поминаа само две, а јас сега ќе ја исплатам последната рата – гордо раскажува Мирјана.
Ова семејство веќе 20 години се занимава со земјоделство. Мирјана по потекло е од Крушево и на 20 години се омажила за Никола и дошла да живее во село Добрушево. Никогаш дотогаш не се занимавала со земјоделство. Но со Никола решиле да продолжат да ги обработуваат нивите  како што тоа  го правеле родителите на Никола. Покрај тоа што научила речиси се за земјделското производство, таа уредно се грижи и за целокупната документација, давачки, даноци и сл. Денес имаат 8 хектари обработливо земјиште на кое одгледуваат тутун, пченица, јачмен, пченка, пиперки и други градинарски култури. Целата сторија на АГРОТИМ.мк]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести