излезе повикот, да аплицирате и ако ги исполните условите да потпишете договор со Платежната агенција и дури тогаш да започнете со инвестицијата.
Според информации на АГРОТИМ од Платежната агенција, нов повик ИПАРД, преку кој можете да вратите 60% од инвестицијата за нов овошен насад, се очекува да излезе наскоро.
Преку Агротим.мк ќе ве информираме штом ќе има официјално известување од Платежната агенција.
Ако планирате да подигнете нов овошен насад есен 2020 вистинско време е да аплицирате на повикот исполнувајќи ги сите потребни услови и критериуми.
Секако остануваат редовните субвенции кои се од Програмата за директни плаќања и за кои се поднесува барање согласно термините на Платежната агенција. Услов е да сте регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, постапка која се завршува во Подрачната единица на министерството за земјоделство, во општината на која се водите според лична карта.



