Ахмети го условува влезот во секоја идна влада со нејзин избор со Бадинтер

Избор на Влада и носење на одлуки на Уставен со Бадинтер за законите што во законодавниот дом се донесени со двојно мнозинство ќе биде условот на Али Ахмети и на ДУИ да влезат во која било идна македонска влада. Ова денеска на брифинг со медиумите во седиштето во Мала Речица го порача лидерот на ДУИ.

Ахмети, кој беше придружуван од новото потесно раководство на “интегративците“ е уверен дека таквите негови барања не излегуваат од рамката на Охридскиот договор.

Ова не е штетно решение, а не е ниту тешко да се реализира, а притоа ќе донесе поголема стабилност на државата и зајакнување на нејзината единственост и функционирање на мултиетничкиот концепт. Рамковниот договор не беше совршен и во неговиот дух е е зајакнување на унитарноста на државата.

Ние сме легалисти и имаме предлог до сите што, убедени сме, може чесно да помине“, изјави Ахмети.

Тој ги отфрла тврдењата дека ваквиот предлог го дава за да може да политички да се пазари, бидејќи во моментов го поседува бадентеровото мнозинство во Парламентот.

Лидерот на ДУИ одбегна да одговори прецизно на прашањето зошто ваков предлог не понудил на политичката маса во претходните речиси 23 години, колку со мали прекини беа постојано владејачка партија. И, како од позиција на опозиција смета дека има можност да постави вакви услови. Инсистираше на ставот дека новиот договор што го нуди е, како што вели,  за спас на Македонија, а не за враќање на партијата на власт, иако не одговори на неколку пати повторените прашања од новинарите како ќе ги натера лидерите на македонските партии да го прифатат договорот.

извор: Libertas.mk

Најчитани вести