Ајнтрахт Франкфурт и Аугсбург го отвораат последно бундеслигашко коло во оваа година

Ајнтрахт Франкфурт вечерва од 20 часот и 30 минути ќе го дочека Аугсбург во првиот дуел од 17.коло во Бундес лигата кое ќе биде комплетирано следната година поради настапот на Баерн Минхен на Светското клупско првенство.

Двојките за утрешните натпревари се: Борусија Дортмунд – Херта, Вердер – Баер Леверкузен, Фрајбург – Хановер, Хамбургер – Мајнц, Ајнтрахт Бруншвајн – Хофенхајм и Нирнберг – Шалке.

Последниот натпревар за оваа година во Германското фудбалско првенство ќе се одигра в недела во Менхенгладбах каде Борусија го пречекува Волфсбург.

Оваа рунда ќе биде комплетирана на 22 јануари 2014 година со средбата Штутгарт – Баерн Минхен.

Табела: Баерн Минхен 44 бодови, Баер Леверкузен 37, Борусија Дортмунд 32, Борусија Менхенгладбах 32, Волфсбург 29, Шалке 27,

Најчитани вести