Министерството за внатрешни работи (МВР) преку Бирото за јавна безбедност во моментов спроведува широка полициска акција за откривање и запленување на фалсификувани пари и истата според неофицијални информации, се одвива на територијата на повеќе градови и има меѓународен карактер. Освен засиленото присуство на македонските полициски сили, во операцијата учествуваат и странски службеници од ЕВРОПОЛ и ИНТЕРПОЛ, кои ја координираат акцијата заедно со македонските власти.
Постапувајќи во рамките на оперативната обработка „Вардар“, на 02.02.2025 година лишени од слобода на територијата на Србија (Нови Пазар, Нови Сад, Сомбор, Суботица) се вкупно шест лица, членови на организирана криминална група, поради постоење основи на сомнение дека ги сториле кривичните дела здружение за извршување на кривичното дело – прекршок од член 346 од КЗ и фалсификување пари од член 241 од КЗ.
Уапсени се: И.Ж.П од Суботица, И.И.П.(1999) од Суботица, 3.А.Б (1955) од Нови Пазар, С.Н (1962) од Нови Сад, С. О. (1985) од Нови Сад, З.Н. (1978) од Бачки Моноштор, општина Сомбор. При приведувањето на лицата била пронајдена поголема количина фалсификувани пари.


