Според фенг шуи, паричникот не е само за чување пари и документи, туку може да стане важна алатка за привлекување на енергија на богатство. Затоа, се верува дека е важно да го изберете вистинскиот паричник за себе, односно да внимавате на големината и материјалот, а особено на бојата.

Нумерологијата ви овозможува да ја одредите вашата боја на паричник, со цел да привлечете пари. Треба само да ги соберете сите цифри во датумот на раѓање и да го намалите збирот на една бројка.
На пример, ако сте родени на 4/4/1989 = 4 + 4 + 1 + 9 + 8 + 9 = 35 = 3 + 5 = 8. Според добиениот број, пронајдете ја соодветната боја на паричникот.

1 – бронза, златна, жолта, портокалова
2 – бела, светло зелена
3 – сина, розова, виолетова
4 – индиго, сива
5 – црна, нијанси на жолта, бела, сива
6 – сите нијанси на сина, зелена
7 – јоргован, индиго, виолетова
8 – црна, смарагд зелена, кафеава
9 – розова, црвена, виолетова

Сепак, најважно е дали ви се допаѓа паричникот, па ако не ви се допаѓа, на пример, паричникот да биде целосно виолетова, можете да ставите некој детал во таа нијанса за да постигнете ефект на привлекување пари, пренесува Сенза Мондо.


