Ако ви е ладно, само сетете се дека моментално е -50 степени во најстудениот град на светот

Оваа зима навистина не видовме многу ниски температури и снег, но тоа не ги спречува луѓето да се жалат дека е студено. А што ако ви кажеме дека во најстудениот град во светот моментално е 50 степени под нулата? Градот Јакутск во источен Сибир е познат како еден од најстудените градови во светот, а во последно време има невообичаено ниски температури.

Бидејќи јануари е најстудениот месец, жителите, иако се навикнати на мраз, мора да направат се што е во нивна моќ за да се загреат.

„Не можете да се борите против тоа“, изјави еден жител за Ројтерс, завиткан во неколку слоеви шалови, ракавици и капи. Или ќе се приспособете се и облечете во склад со времето или страдајте“.

Извор: danas.rs

Најчитани вести