АКТУЕЛНО: Лозарите стравуваат, винариите смируваат

Лозарите стравуваат за собраниот род грозје, но, винариите смируваат и ветуват дека ќе се откупи до последното зрно грозје.

Лозарите од најголемиот регион за производство на грозје Тиквешијата, се плашат дека нема да им се откупи грозјето, зашто откупувачите ги затвориле пунктовите. Но, винариите се категорични дека откупот се одвива според утврдената динамика и дека родот нема да им остане на нивите.

grozje

Според лозарите, грозјето веќе почнало да скапува на виновата лоза,а не знаат каде и кому да се обратат за помош. Велат и оваа година, државата ги штити винариите и им дава предност, додека тие се оставени сами да се снаоѓаат.

lozje

Револтирани, бараат итно да се најде решение за ваквите проблеми кои континурано се провлекуваат секоја година и никако да се изнајде решние.

-Не знаеме зошто другите пунктови не откупуваат грозје, иако и кога откупуваа, најголемиот дел од нив не го почитуваа договорот и плаќање според шеќерни единици, кој беше постигнат помеѓу лозарите и винариите со посредство на Министерството за земјоделство, велат лозарите.

Од Винаријата Повардарие велат дека воопшто не станува збор за стопиран откуп на грозје, барем што се однесува кај нив.

-Нашиот капацитет е ограничен во смисла на тоа колку килограми грозје може да се откупи во текот на еден ден и колку грозје може да биде преработено. Лозарите треба да знаат дека ние не можеме да го откупиме и преработиме наеднаш целото грозје што ќе го донесат тие. Се обидовме да ставиме ред во откупот со претходна најава за тоа колку грозје можеме да откупиме и преработиме, дури поделивме и белешки на дел од лозарите кои треба да берат, согласно на нашите можности за дневен прием и преработка на грозје. Но за жал има и такви кои не ги почитуваат нашите препораки, без да се консултираат со нас го собираат родот од своите лозја и се редат во ред за чекање пред винарската визба. Во моментов сме пренатрупани со грозје. А лозарите кои берат без да прашаат дали некој е во можност да им го откупи грозјето баш тој ден, треба да се запрашаат што во ситуација ако грозјето се расипе во меѓувреме поради долго чекање? Ние не откупуваме скапано грозје. Затоа им препорачуваме на лозарите да не брзаат со бербата туку да го почитуваат редоследот за откуп, времето во наредните денови ќе биде поволно, а ние ќе го откупиме до последното произведено зрно, велат од “Повардарие”.

Текстот во целост на Актуелно.мк

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести