Алтхаус потпиша за Вардар СЦБТ

Германската репрезентативка Ања Алтхаус, која настапува за актуелниот шампион и овогодишен учесник во главната фаза од Лигата на шампионите Турингер, од следната сезона ќе игра за ЖРК Вардар СЦБТ.

Германката денеска стави потпис на договорот на две сезони и во дресот на македонскиот шампион ќе биде до 2016, со можност за продолжување на договорот за уште една година.

Алтахаус втора сезона е дел од Турингер, во кариерата досега има настапувано и за екипите на Виборг, Трир и Нидерндоделебен.

Најголемиот успех на клупско ниво го постигна во 2009-та година, кога со данскиот тим Виборг ја освои титулата во Лигата на шампионите. Во Бундеслигата триумфираше двапати, и тоа со екипата на Трир во 2003-та година, како и со Турингер минатата сезона, кога го освои трофејот и во Купот на Германија. Трикратен едноподруго освојувач е и на шампионатот на Данска со екипата на Виборг, и тоа во 2008, 2009 и 2010. Со селекцијата на Германија, на светскиот шампионат 2007-та во Франција го освои бронзениот медал.

Алтхаус е третото засилување на „црвено-црните” за претстојната сезона, откако претходно беа ангажирани Андреа Пенезиќ и Барбара Лазовиќ, кои моментално настапуваат за Крим Меркатор.

]]>

Најчитани вести