Американски лекар заразен со ебола пуштен од болница во Германија по закрепнување

Американски лекар, кој се заразил со ебола додека работел на хуманитарна мисија во Конго, е отпуштен од болница во Германија откако се опоравил од потенцијално фаталната болест, објавија денеска американските медиуми.

Питер Стафорд работел со мисионерската група „Серж“ во Конго кога се заразил со вирусот, соопшти претходно групата.

Тој бил евакуиран во болница во Берлин на 20. мај, а неговата сопруга, исто така лекарка која волонтира во групата „Серж“, и нивните четири деца исто така биле евакуирани и ставени во карантин, јави Си-Би-Ес Њуз. 

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести