Американски воен авион се урна за време на тренажен лет, пилотите успешно се катапултираа

Авион на американското воено воздухопловство денеска се урна во западниот дел на Алабама, а двајцата пилоти успешно се катапултираа.

Несреќата се случи за време на тренажен лет. Суперсоничниот авион за обука „т-38 талон II“ полетал од базата Колумбус во Мисисипи.

Сè уште не е позната причината за уривање на авионот.

Во базата Колумбус во Мисисипи сместена е 14. ескадрила за воздухопловна обука, која обучува пилоти за разни авиони. 

МИА

Најчитани вести