Амир Ќаили од Грушино пример за успешна ИПАРД приказна

– Се надевам дека тогаш ќе успееме во целост да го осовремениме земјоделството, со модерна опрема и механизација, а нашите производи да бидат поконкурентни и да имаме поголем пазар, нагласи Ќаили. Министерот Николовски и директорот на Платежната агенција Бабовски во оваа прилика информираа денеска од денеска почна исплатата на првите средства од ИПАРД 2. Пуштени се средствата за кофинансирање десет договори, вредни вкупно 1,6 милиони денари. – За помалку од 12 месеци имаме склучено рекордни 898 договори во вредност од 15,6 милиони евра од кои 11,7 милиони земјоделците ќе добијат преку европските фондови. Очекуваме вкупната бројка на склучени договори да достигне 900, истакна Бабовски. Николовски дополни дека со ИПАРД 2 Македонија има на располагање 60 милиони евра од ЕУ за инвестиции и модернизирање на земјоделството. Извор: МИА ]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести