Ана Ивановиќ во друштво на светскиот заводник: Насмевка на нејзиното лице

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ моментално е во центарот на вниманието, откако се појави веста за нејзиниот развод со Бастијан Швајнштајгер. Се следи секој нивен потег што дополнително би ги потврдил или демантира овие шпекулации. Во моментов тие не се појавуваат заедно на социјалните мрежи, дури ни на свечени настани.

Ана повторно блесна и покажа зошто важи за една од најстилизираните жени во спортот. Овој пат таа ги привлече сите погледи со елегантно издание во свилен фустан кој зрачи со едноставност, но и врвна софистицираност. Нејзината модна комбинација создаде бум меѓу обожавателите и модните познавачи, уште еднаш потврдувајќи го нејзиното беспрекорно чувство за стил.

На фотографиите таа е во друштво на Роџер Федерер, кој на настанот во Париз дојде во црн смокинг, исто така непогрешлив избор во машката мода.

Премногу коментари за ова дуо и легендите на тенисот, но многумина обрнуваат внимание на широката насмевка на Ана, па и тоа го поврзуваат со разводот.

Најчитани вести