Анчелоти ги сака двајцата – и Роналдо и Меси

Последните неколку седмици се шпекулираше многу за иднината на Лионел Меси, а медиумите тврдеа дека тој не е задоволен од каталонскиот клуб.

Шпанските медиуми го запрашаа Карло Анчелоти, тренерот на Реал, дали хипотетички би сакал да го види Меси во дресот на „кралскиот клуб“.

– Да, верувам дека би сакал. Но, морам да нагласам дека Кристијано Роналдо е симбол на Реал Мадрид како што Меси е симбол на Барса – рече Анчелоти – како и да е, секој од нив двајца има свој тим и своја историја, би било одлично двајцата да ги имаме во тимот. Тешко е да се помисли дека нешто такво ќе случи – нагласи италијанскиот стручњак.

Најчитани вести