Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти по поразот од Барселона изјави дека неговиот клуб не заслужи да биде поразен и одби да го коментира судењето.
Тој додаде дека очекува трката за титулата да трае до последното коло.
– Тешко ми е да зборувам за судиските одлуки. Направивме ситни грешки и поради тоа изгубивме, но сметам дека не заслуживме пораз. Сепак овој натпревар нема да ја реши борбата за титулата. Таа ќе трае до самиот финиш, изјави италијанскиот стратег.
Анчелоти упати апел до неговите фудбалери што побрзо да го заборават овој меч и да се фокусираат на следниот натпревар.
– Остануваат уште девет натпревари. Ние играме добро и не треба да се разочаруваме. Секој следен бод може да биде пресуден и затоа продолжуваме понатака. Играчите се подготвени да го пребродат поразот, а треба да бидат задоволни од играта, нагласи Анчелоти.
Реал Мадрид синоќа загуби од Барселона со 3:4 и му дозволи на лутиот ривал да му се приближи само на еден бод. Реал сега има 70 бодови, колку што има и второпласираниот Атлетико Мадрид, а Барселона е трета со 69 бодови.
]]>


