Екипата на Реал Мадрид до пред четири дена имаше комотна предност од четири бодови разлика пред Барселона и три пред Атлетико Мадрид, но следуваа два пораза во низа и пад на третото место, а за новонастанатата ситуација тренерот Карло Анчелоти вели дека сами се виновни.
– Сами си ја компликувавме ситуацијата. Сега кога е тешко потребна е вистинска реакција. Има уште време да ги надоместиме пропустите и да ги исправиме грешките. Против Севиља целосно го контролиравме натпреварот, но им дозволивме да ни дадат два гола од контри. Причина за тоа беше пад на концентрацијата, но тука ќе ја потенцирам и слабата комуникација меѓу фудбалерите, изјави Анчелоти.
Италијанскиот стратег запрашан за слабите игри на Чаби Алонсо во последно време рече дека еден играч не може да има ниту вина, ниту заслуга за целиот неуспех или успех.
– Не е само тој проблемот. Имаше неколку лоши додавања, но и другите не се движеа добро за да ги исправата грешките. Фудбалот е колективна игра, додаде Анчелоти.
Реал синоќа загуби на гостувањето кај Севиља со 2:1, а во неделата на свој терен беше поразен од Барселона со 4:3 иако на двата дуела во еден момент имаше водство.
]]>


