Андонов: 16 потенцијални инвеститори аплицираа на јавните повици за енергетика

„За енергетика на јавните повици аплицирале 16 компании, а ниту една македонска за да добијат помош по Законот за стратешки инвестиции. Три години имаше јавни повици и ниту една македонска компанија не аплицирала. Зошто аплицирале француски и германски компании, а не македонски?“ запраша директорот за развој и инвестиции на ЕСМ, Виктор Андонов во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Тој додаде дека критиките на дел од јавноста зошто е избрана грчка компанија, а не македонски, доколку беше македонска дебатите ќе беа зошто баш таа, а не друга.

„16 компании аплицирале, со три-четири се стигнало до оваа фаза, а другите стојат. По изборите ќе продолжи процесот за да се дојде до некое ниво“ рече Андонов.

Тој додаде дека државна помош за инвестиции во енергетски постројки постои во сите европски држави.