– Убеден сум дека Перо Антиќ и Владо Илиевски ќе ни помогнат. Владо пред извесно време рече дека има желба за уште еден циклус. Тодор Гечевски, пак, заврши со репрезентацијата, – изјави Мерџановски за специјализираниот портал за кошарка, иако и првиот Македонец во НБА-лигата и плејмејкерот на чешки Нимбурк уште пред ланското Европско првенство во Словенија најавија збогување со репрезентативниот дрес.
Македонија за настап на Европското првенство 2015 во Украина ќе мора да се избори преку квалификациите, во кои е во група со Белгија, со Белорусија и со Данска. На ЕП ќе се пласираат двете најдобри селекции во групата.


