Антонио Аргир: Да се биде на чело на Тутунска банка е предизвик сам по себе

Антонио Аргир од 1 јануари 2016 година ќе стапи на функцијата претседател на УО на НЛБ Тутунска банка. Аргир вели дека да се биде на чело на банката е само по себе предизвик.

„Во иднина, одговорно и тимски ќе го практикуваме она што го изградивме низ годините до сега. Ќе бидеме посветени на воведување на современи услуги прилагодени на новите генерации. Ќе ја продолжиме успешната соработка со физичките лица, микро и малите претпријатија, корпоративно банкарство, дигитализирање на начинот на работа, мобилно банкарство до клиентите не само во делот на он лајн плаќањето туку и за советодавни и канали за комуникација со клиентите,“ изјави Аргир.

 

Најчитани вести