Аплицирајте за ГРАНТ од ИПАРД и Фондот за иновации, повиците се во тек!

За компаниите од преработувачката индустрија кои планираат да инвестираат во модернизирање на производството и за сите кои имаат идеја за проширување на бизнисите или да воведат нова технологија, во моментов има два актуелни повици токму за нив.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави првиот јавен повик од ИПАРД III програмата за Мерка 3 – инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи. На располагање се 14 милиони евра.

Вториот повик е на Фондот за иновации и технолошки развој – Кофинасирани грантови за комерцијализација на иновации преку кој се обезбедени 8 милиони евра за поддршка на проекти за комерцијализација на иновативноста кај македонските компании.

Тим од искусни консултанти и експерти од различни области и професионалци заеднички го сочинуваат АГРОТИМ КОНСАЛТИНГ.

ПОДГОТОВКА НА АПЛИКАЦИИ за повици од страна на Владата за грантови од програмата за Рурален развој, „Млад земјоделец“, „Рурална жена“, ИПАРД, повици од Фондот за иновации и други можности за неповратни финансиски средства за модернизација и развој на компаниите и земјоделците.

За повеќе информации и комплетна подготовка на апликации јавете се на телефонските броеви:
📞 071 285 385
📞 071 225 345
или испратете e-mail на info@agrotim.mk

Најчитани вести