Лидерот на табелата во Премиер лигата Арсенал, на следниот натпревар – дербито против Челзи ќе настапи ослабен бидејќи ФА (Фудбалската асоцијација) на играчот Џек Вилшир му изрече суспензија од два натпревара забрана на настап.
Англискиот репрезентативец Вилшир разочаран од поразот од Манчестер Сити минатиот викенд им покажа среден прст на домашните навивачи (Манчестер Сити) и како реакција на таа негова гестикулација ФА покрена дисциплинска постапка против него.
Вилшир ја прифати вината за овој инцидент, но во таборот на Арсенал се изненадени бидејќи доби казна од два меча неиграње. Арсенал поднесе жалба, но Вилшир нема да може да настапи на дуелот во понеделник од 17.коло. Казната доколку не му биде намалена или поништена Вилшир ќе мора да го „прескокне“ и дуелот со Вест Хем на 26.декември.


