Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку објава на социјалните мрежи продолжи жестоко да ја критикува власта и институциите поради, како што наведува, неспособноста и стравот да се соочат со криминалните активности поврзани со дивоградбите во Чаир.
-Нели ви е срам да се однесувате како државата да е ваша? Немате минимум достоинство да признаете дека сте неспособни и исплашени од криминалците во власта. Наместо да ги приведете Висар Ганиу и Изет Меџити, кои се обвинети за повеќе од 150 дивоградби и милионски криминал, вие се одмаздувате на раководителот на сектор Ивана, која јавно предупреди за опасностите што ги предизвикуваат овие дивоградба – рече Арсовска.
Таа додава дека наместо правда, институциите се користат како алатка за заштита на криминалните фигури.
-Што ви смета Ивана? Тоа што кажа дека илјадници граѓани се доведени во опасност по живот? Што продавате станови кои можат да станат комори на смрт? Што им должите на Висар и Изет – мачиња од ДПМНЕ? Не смеете да ги допрете, па се одмаздувате и ги малтретирате оние што го кажуваат вистинското – рече Арсовска.
извор: fokus.mk


