Атланта ја искористи предноста на домашен терен за победа над Сакраменто

Екипата на Атланта ја искористи предноста на домашен терен за триумф над Сакраменто 124:107 (28:26; 25:28; 32:33 и 39:20).

Ова по подолг период значи две врзани победи за „јастребите“, а воедно и рекордни 124 поени на еден натпревар за тимот на нашиот Перо Антиќ оваа сезона. Македонскиот кошаркар одигра 5 минути и 38 секунди, а имаше еден скок. Кајл Корвер постигна 28 поени и за три поени од 10 обиди успеа да ги погоди осум пати.

Во дуелот на двете најдобри екипи од Источната конференција Мајами ја победи Индијана и и го нанесе петтиот пораз.

Резултати на ноќешните натпревари: Мајами – Индијана 97:94, Орландо – Јута 82:86, Торонто – Шарлот 102:104 (продолжение), Атланта – Сакраменто 124:107, Бостон – Детроит 106:107, Бруклин – Вашингтон 107:113, Милвоки – Њујорк 101:107 (две продолженија), Минесота – Портланд 120:109, Далас – Мемфис 105:91, Феникс – Сан Антонио 101:108, Хјустон – Чикаго 109:94 и Лос Анџелес Клиперс – Њу Орлеанс 108:95.

Пласман Источна конференција: Индијана 20-5 (победи-порази), Мајами 19-6, Атланта 14-12, Детроит 13-14, Шарлот 12-14, Вашингтон 11-13, Бостон 12-15,…

Пласман западна конференција: Оклахома Сити 20-4, Портланд 22-5, Сан Антонио 20-5, ЛА Клиперс 18-9, Хјустон 17-9, Далас 15-10,Феникс 14-10, Денвер 14-10,

Најчитани вести