Атланта ја прекина серијата од шест порази

Екипата на Атланта ноќеска ја победи Јута на гостински терен со 112:110 и со тоа ја прекина лошата серија од шест загубени натпревари. Ова беше прва победа за тимот на Перо Антиќ по 22 февруари кога го совладаа Њујорк.

Македонецот повторно беше стартер и имаше двоцифрен број поени – 12, а забележа и по три скокови и асистенции за 23 минути поминати во игра.

На другите шест ноќешни натпревари во НБА лигата постигнати се следните резултати: Шарлот – Денвер 105:98, Бруклин – Торонто 101:97, Мајами – Вашингтон 99:90, Њујорк – Филаделфија 123:110, Милвоки – Орландо 105:98 и ЛА Клиперс – Феникс 112:105.

Вечерва се играат седум натпревари: Индијана – Бостон, Детроит – Сакраменто, Чикаго – Сан Антонио, Мемфис – Портланд, Минесота – Милвоки, Оклахома – Хјустон и Голден Стејт – Далас.

Пласман Источна конференција: Индијана 46-17 (победи-порази), Мајами 44-17, Торонто 35-27, Чикаго 35-28, Вашингтон 33-30, Бруклин 32-30, Шарлот 30-34, Атланта 27-35,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 46-16, Оклахома Сити 46-17, Хјустон 44-19, ЛА Клиперс 45-20, Портланд 42-21, Голден Стејт 40-24, Далас 38-26, Мемфис 36-26,.

]]>

Најчитани вести