Екипата на Атланта во чии редови настапува Македонецот Перо Антиќ ја продолжува борбата за пласман во разигрувањетоза титулата. На гостувањето кај Торонто, Атланта загуби, но и нивниот конкурент за осмата позиција Њујорк ја прекина серијата победи со поразот од Кливленд на домашен терен.
Во тимот на Атланта, Антиќ одигра 26 минути и имаше 10 скокови и четири поени. Најефикасен на натпреварот беше Кајли Ловли од Торонто со 25 поени.
Торонто до победата дојде благодарение на последната четвртина што ја доби со 36:15.
Резултати на ноќешните натпревари во НБА лигата: Торонто – Атланта 96:86, Минесота – Феникс 120:127, Денвер – Вашингтон 105:102, Сакраменто – Милвоки 124:107, Далас – Бруклин 104:107 (продолжение), Њујорк – Кливленд 100:106 и ЛА Лејкерс – Орландо 103:94.
Вечерва се играат десет натпревари: Шарлот – Хјустон, Атланта – Феникс, Мајами – Портланд, Чикаго – Индијана, Мемфис – Минесота, Њу Орлеанс – Бруклин, Оклахома Сити – Денвер, Сан Антонио – Филаделфија, Јута – Детроит и ЛА Клиперс – Милвоки.
Пласман Источна конференција: Индијана 51-19 (победи-порази), Мајами – 47-21, Торонто 39-30, Чикаго 39-31, Бруклин 37-31, Вашингтон 36-34, Шарлот 34-36, Атланта 31-37, Њујорк 29-41,…
Пласман Западна конференција: Сан Антонио 53-16, Оклахома Сити 51-18, ЛА Клиперс 49-21, Хјустон 47-22, Портланд 45-25, Голден Стејт 44-27, Мемфис 41-28, Далас 42-29, Феникс 41-29,.
]]>


