Атланта победи по шест порази

По серијата од шест порази екипата на Атланта во чии редови настапува Македонецот Перо Антиќ ноќеска славеше победа. На домашен терен ја победија Филаделфија со 103:95 (18:31; 25:22; 32:20 и 28:22), иако противникот добро го отвори натпреварот и ја доби првата четвртина.

Предводени од Пол Милсап, кој имаше „дабл-дабл“ учинок 28 поени и 17 скокови Атланта ја постигна 32.та победа.

На врвот на Источната конференција дојде до промена по победата на Мајами, а поразот на Индијана сега лидер е шампионот Мајами.

Резултати на другите дуели во НБА лигата одиграни ноќеска: Шарлот – Вашингтон 100:94, Индијана – Сан Антонио 77:103, Детроит – Милвоки 116:111, Мајами – Торонто 93:83, Чикаго – Бостон 94:80, Минесота – ЛА Клиперс 104:114, Њу Орлеанс – Сакраменто 97:102, Денвер – Мемфис 92:94 и Јута – Њујорк 83:92.

Вечерва играат: Бруклин – Хјустон, Далас – Голден Стејт и ЛА Лејкерс – Портланд.

Пласман Источна конференција: Мајами 51-22 (победи-порази), Индијана 52-23, Торонто 42-32, Чикаго 42-32, Бруклин 39-33, вашингтон 38-36, Шарлот 36-38, Атланта 32-41, Њујорк 32-43,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 58-16, Оклахома Сити 54-19, ЛА Клиперс 53-22, Хјустон 49-23, Портланд 48-27, Голден Стејт 45-28, Далас 44-30, Мемфис 44-30, Феникс 44-30,.

]]>

Најчитани вести