Атланта загуби дома од Феникс

Екипата на македонскиот репрезентативец Перо Антиќ, Атланта повторно „влезе“ во серија порази. Ноќеска загуби на домашен терен од Феникс со 102:95 и ова беше трет пораз во низа, но се уште има позиција која носи пласман во плеј-офот.

Антиќ одигра 25,5 минути и постигна 5 поени, а имаше 8 скокови и 2 асистенции. Со 8 скокови тој беше најдобар во својот тим во оваа категорија.

Ерик Бледсо од Феникс со 20 поени беше најефикасен на натпреварот.

За гостите ова беше важна победа во борба за осмата позиција на „Запад“, бидејќи имаат ист скор со Далас, кој моментно е на 9.место.

Во дербито на вечерта Мајами го совлада Портланд, а Сан Антонио на Филаделфија и го нанесе 25.пораз по ред.

На другите натпревари ноќеска во НБА лигата беа постигнати следниве резултати: Шарлот – Хјустон 89:100, Мајами – Портланд 93:91, Чикаго – Индијана 89:77, Мемфис – Минесота 109:92, Њу Орлеанс – Бруклин 109:104 (продолжение), Оклахома Сити – Денвер 117:96, Сан Антонио – Филаделфија 113:91, Јута – Детроит 94:114 и ЛА Клиперс – Милвоки 106:98.

Учество во плеј-офот имаат обезбедено три екипи: Индијана, Мајами (Исток) и Сан Антонио (Запад).

Пласман Источна конференција: Индијана 51-20 (победи -порази), Мајами 48-21, Торонто 39-30, Чикаго 40-31, Бруклин 37-32, Вашингтон 36-34, Шарлот 34-37, Атланта 31-38, Њујорк 29-41,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 54-16, Оклахома Сити 52-18, ЛА Клиперс 50-21, Хјустон 48-22, Портланд 45-26, Голден Стејт 44-27, Мемфис 42-28, Феникс 42-29, Далас 42-29,…

]]>

Најчитани вести