Атлетико Мадрид нов лидер во Примера

Киксот на Барселона во саботата, го искористи Атлетико Мадрид, кој ја презеде лидерската позиција во Примера. Атлетико вчеравечер на домашен терен го победи Реал Сосиедад со 4:0.

Головите за Атлетико ги постигнаа: Давид Виља (38.минута), Диего Кошта (72), Миранда (74) и Диего (87).

Реал Мадрид на гостувањето во Билбао кај Атлетик одигра нерешено 1:1. „Кралскиот клуб“ поведе преку Хесе во 65.минута, а изедначи Ибаи во 74.минута. Две минути подоцна поради неспортски однос црвен картон доби Кристијано Роналдо. Со освоениот бод Реал Мадрид се изедначи со Барселона со по 54 бодови.

На другите натпревари од 22.коло беа постигнати следниве резултати: Елче – Алмерија 1:0, Бетис – Еспањол 2:0, Малага – Севиља 3:2, Хертафе – Ваљадолид 0:0, Леванте – Рајо Ваљекано 0:0, Барселона – Валенсија 2:3 и Гранада – Селта 1:2.

Вечерва играат Виљареал и Осасуна.

Табела: Атлетико Мадрид 57 бодови, Барселона 54, Реал Мадрид 54, Атлетик Билбао 42, Виљареал 37, Реал Сосиедад 36.

]]>

Најчитани вести