По повод Денот на македонската борба – 23 Октомври, денеска во Скопје по десети пат ќе биде одржана атлетска трка на 5 и на 10 километри. Стартот и финишот ќе бидат пред споменикот „Основачи на ВМРО“ во паркот „Жена – борец“.
Рутата на трката ќе биде кон Порта Македонија, потоа Плоштад „Македонија“, преку Камениот мост, покрај Музејот на македонската борба за самостојност и МНТ, кон мостот „Гоце Делчев”, а потоа лево до кејот на Вардар, и назад по истата патека до целта.
Оваа спортска манифестација е во организација на Атлетската федерација на Македонија во соработка со Општина Гази Баба.
Поради одржувањето на трката, во тој дел на Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим
МИА


