(АУДИО) Даневски од затвор: Ми беше побарано за ништо пари да ја предадам „Џумајлија“

Поранешниот сопственик на Агрокомбинатот „Џумајлија“ Зоран Даневски, ексклузивно за емисијата Стадион на Канал 77 од затворот во Штип, каде издржува 11 годишна казна затвор, сведочи како ја загубил фирмата. Даневски вели дека настрадал во политичка игра на тогашната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ, во 2010 година.

-Добив лично предупредување и рекоа најдобро е брат ти да ја повлече кандидатурата. Пресудно беше инаетењето на брат ми и тоа што не прифатив за ништо пари да ја предадам фирмата. Политичката игра ја гледам во одлуката на брат ми, кој беше пратеник во Парламентот, кога реши да се кандидира за градоначалник како независен кандидат против ВМРО ДПМНЕ, иако како пратеник, беше во коалиција со оваа партија. Откако ги изгуби изборите, работите тргнаа во негативна насока.  Пред тоа фирмата функционираше како треба и на никого не му пречеше тоа и што имаше над 1.000 вработени. Нормално, како и секоја фирма и нашата имаше кредити, но откако ѝ ја земаа лиценцата фирмата падна на колена, а главниот извор на средства беа виното и земјоделските производи. Успееја да ја растурат фамилијата, да ја растурат фирмата и се’ друго, вели Зоран Даневски.

Повеќе на линкот: MMС

]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести