На денешната прес конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев презентираше снимени теелефонски разговори, докази за убиството на Мартин Нешковски.
– Не можеш да го скриеш, убиство имаш, a причината за убиството нема врска, сакал да влезе ама го избуткале, потоа го видел уште еднаш, го скршил од мавање..ниту бегал ниту пружал отпор детево. Се нервирам оти изгубивме многу како партија со убиството. Се нервирам ова со Љубе ќе ни пропадне – вели Гордана Јанкулоска.


