Австралиското Министерство за интеграции и гранична заштита издаде нова листа на професии кои ѝ се потребни на Австралија за 2016/2017 година, а за кои можете да се пријавите. Оваа листа ќе стапи на сила од 1 јули 2016 година и се однесува на оние кои ќе аплицираат за виза.
Во оваа група спаѓа и работната виза: виза за постојан престој за стручни работници; привремена виза – во траење од 4 години со која работниците би работеле во одредено подрачје за да можат да аплицираат за постојана виза; привремена виза за дипломирани – живот и работа во Австралија после завршувањето на студиите.
Меѓу професиите кои се бараат се менаџери на проекти, индустриски инженер, земјоделски инженер,биомедицински инженер, наутички архитект, шумар, ветеринар, наставник, киропрактичар, педијатар, невролог, ревматолог, лекар, хирург, медицински сестри, ѕидари, столари, електричари, социјални работници, психотерапевти итн.


