„Авторските права“ за „потписот“ на личната карта сепак ги има Maкедонец

Откако вчера објавивме за младото момче од Бугарија, кое на личната карта се потпишало со својата најомилена работа во светот, до нашата редакција пристигна интересен „демант“. Изгледа „авторските права“ на потписот ги има еден наш сограѓанин.

Имено, Бугаринот стана хит на социјалните мрежи затоа што наместо своето име, на официјалниот документ се потпишал со „BMW“, а неговата лична карта важи до 2031 година.

Години претходно, веќе во 2014 година, Македонецот, голем „фан“ на „BMW“ веќе го направил тоа, а неговата лична карта важела до 2019 година.

Чисто да се знае.

]]>

Најчитани вести