Аз съм Силвана Бонева и подкрепям кампанията на правителството “Купи къща, купи апартамент”

Акцијата на Владата „Купи куќа, купи стан“ ја поддржуваат се повеќе јавни личности. Неодамна се вклучија и повеќемина пратеници. Специјален телевизиски спот за кампањата сними и пратеничката од Струмица Силвана Бонева.

-Здравейте, аз съм Силвана Бонева и подкрепям кампанията на правителството „Купи къща, купи апартамент“, порачува пратеничката во спотот, држејќи клуч во рака.

Од Владата велат дека по овие охрабрувачки сигнали, акцијата ќе продолжи со уште посилно темпо. Бонева својата поддршка ја даде со личен семеен пример. Нејзините синови станаа сопственици на станови во Скопје вредни 350.000 евра.

извор: Коза Ностра, портал за сатира и измислени вести

]]>