Иран нема да му дозволи на директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, да ја посети земјата, изјави денеска потпретседателот на иранскиот Парламент Хамидреза Хаџи Бабаи, на погребот на иранскиот воен персонал и нуклеарни научници во Техеран.
Бабаи, како што објавија медиумите, рече дека „Иран повлекува црвена линија“ и нема да дозволи камерите на агенцијата да бидат инсталирани во неговите нуклеарни центри, бидејќи се шират гласини дека информациите за нуклеарните постројки стигнале до Израел.
МИА


