Бачовски: Го подобривме имиџот на сектор земјоделство, сега е атрактивен за младите и за странските инвеститори

Работата на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство е постојано во фокусот на земјоделците чие производство, пласман и висина на субвенциите директно зависи од мерките и активностите на оваа институција. Покрај овие основни очекувања од министерството, за земјоделците важни се и капиталните инвестиции, европските фондови, едукацијата, странските инвеститори и насоките во кои ќе се движи македонскиот агар во усогласувањето со европската легислатива и стандарди.

На сите овие теми разговараме со Никица Бачовски – шеф на кабинетот на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

АГРОТИМ: Тежок сектор, комплексен, со многу области кои се опфатени и 200 000 земјоделски семејства кои на било каков начин се поврзани со земјоделското производство. Така може да се дефинира работата на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство. Во таков сектор дојдовте пред 3 години, односно како дел од тимот на тогашниот министер Љупчо Николовски.

БАЧОВСКИ: Несомнено секторот земјоделство е еден од потешките, а можеби и најкомплексен сектор којшто згора на тоа беше запоставуван во голема мера со години наназад. Уште од првиот ден се соочивме со блокирана исплата на субвенциите, лошо менаџирање со водостопанските објекти, неплатени членарини кој меѓународни организации и опасност за суспендирање на европскиот ИПАРД фонд. Навистина се вложија надчовечки напори од менаџментот на министерството и токму посветената работа на министерот и неговиот тим и целокупната поддршка од Владата за сите важни прашања се главната причина што денес имаме еден стабилен сектор кој што можам да забележам дека станува доста атрактивен за инвеститорите од земјава и светот.

АГРОТИМ: Сега сте шеф на кабинетот на актуелниот министер за земјоделство, Трајан Димковски. Како ги продолживте активностите односно каков е еден ден на личноста која треба да биде носител на активностите на кабинетот?

БАЧОВСКИЧест но и голема обврска е да се биде на позицијата шеф на кабинет. Моето работење главно е насочено кон координирано и поефикасно работење на кабинетот, управите и секторите, како и секојдневната надворешна комуникација со институциите кои гравитираат околу секторот земјоделство. Секој работен ден е еднакво динамичен на претходниот, многу состаноци со колеги, прием на странки и делегации, безброј телефонски јавувања и разно разни други ад-хок активности. Крајниот резултат на ваквата динамичност и добра соработка со сите соработници се многуте нови мерки, реформи ,закони, јавни огласи и повици, капитални вложувања и навремени и неселективни исплати на финансиската поддршка кон земјоделците што апсолутно го подобри имиџот на сектор земјоделство и ја врати довербата во институциите кои за жал беше нарушена.

АГРОТИМ: На што работите во овој период? Кои мерки веќе ги звршивте, кои почнувате?

Па она што е најактуелно и кое го работевме во изминатиот период е јавниот повик за грантови за млади земјоделци којшто се објави. Изменивме закон и уредивме подзаконски акти за да ја зголемиме поддршката од 10 на 20 илјади евра. Со измени во законот за вино ги поедноставивме условите за регистрирање на т.н мали семејни винарии. Со поддршка на Европската делегација работиме на софтверски проект со кој очекувам веќе од 2021 година да имаме авансно исплаќање на субвенциите. Заедно со колегите од Платежната агенција ја модифицираме мерката за зелена нафта со што од наредната година субвенционирањето на трошоците за гориво за механизацијата ќе биде покачено од сегашните 30% на 50%. Успешно завршивме 2 јавни огласа за државно земјоделско земјиште во Св.Николе каде што се доделија нови 1000 хектари и се склучуваат над 150 нови договори. Се работи на нов повик од ИПАРД програмата за модернизација на земјоделските стопанства. Може да се забележи дека сме активни на скоро секое поле со многу позитивни активности на сите фронтови.

Интервјуто во целост на следниот линк.

]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести